„Сума од 350.000 евра, исплатени од Ана Камчева, Бојан Јовановски ги ставил во кутија за чевли и тој подарок ѝ го доставил на Јанева. Другите 150.000 евра ги дал на Зоран Милески“, рече бизнисменот Орце Камчев во денешното сведочење во случајот „Рекет“ .
Тој сведочеше и дека Јовановски уште му кажал дека треба да даде милион евра и дека Јанева не сакала да слушне за каква била сума под милион зашто за да се ослободи од обвиненијата вкупната сума била осум милиони евра, и дека во првиот наврат треба да плати милион.




