Пекарската индустрија го продолжува бојкотот на владината одлука за замрзнување на цената на основниот полубел и бел леб на 33 денари.



Во продавниците и денеска нема леб.

Некои граѓани во паника купуваат брашно бидејќи сметаат дека и него ќе го снема.

Во продавниците велат дека имаат зголемена побарувачка на брашно и квасец, и дека не знаат до кога ќе трае бојкотот на пекарниците и кога ќе има нормално снабдување со леб, јавува Плусинфо.

Од мелничко-пекарската индустрија за МИА изјавени дека се подготвени за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана, а не „повик“ или „апел“ преку прес-конференција.

Според пекарите, никој не треба да очекува дека ќе има леб за 20 денари.

Велат дека цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат. Леб за 32 до 35 денари имаше во малопродажбата, зависно од квалитетот и грамажата.

 Ситуацијата во земјава се обидуваат да ја искористат и пекарници од соседството. Тие најавија дека можат да обезбедат леб по пониска цена и од „замрзнатата“ и само чекаат понуда од трговците.