#Бојкотирам ќе документира инциденти: Хунтата има интерес од саботажа на протестот

Интернет движењето #БОЈКОТИРАМ кое не е поврзано со политички партии и политичари денешниот протест со почеток во 18 часот пред Собранието го организира како надпартиски, сенароден и ненасилен.



Од таму ги повикуваат сите учесници да се воздржат од било какви провокации, учество во насилни акти, вандализам или навреди кон групи на народи и вери.

“Доколку забележите некој да предизвикува неред и повикува на насилство веднаш снимајте ги со телефоните и пријавете кај најблискиот редар”, се вели во соопштението на организаторите на протестот против менување на името и уставот и против штетните политики на власта.

Од # бојкотирам предупредуваат дека протестот во последен момент го поддржале групи чии насилни и провокаторски методи движењето #БОЈКОТИРАМ не ги одобрува и ги смета исклучително штетни за нивната борба за Македонија и враќањето на честа на обичниот човек.

“Хунтата и нивните полтронски групации имаат интерес да се вмешаат и преку вакви саботажи да ја оцрнат успешноста и вистинската цел на протестот. Во тоа нема да успеат ако сме внимателни”, се вели во известувањето за јавноста.