Средношколци од Скопје и од други градови во земјава се мобилизираат за бојкот на наставата во средните училишта во петок, во знак на протест поради загадувањето на воздухот.
Тие велат дека секој ден станува се полошо и најавуваат приклучување кон протестот против аерозагадувањето наречен „Зелена револуција’, што ќе се одржи и овој петок, во организација на повеќе НВО.
„Ние, средношколците, сме крајно изреволтирани од непреземањето ништо, лежерноста на власта и немањето идеја како да се реши овој најголем проблем… Целта на ова е власта и сите општествен фактор да се фокусираат на овој проблем, а по бојкотот ќе се приклучиме на Зелениот фронт и нивните барања, кои се единствено решение за оваа неподнослива ситуација. За нашите животи се работи“, се наведува во најавата за бојкотот на наставата на организацијата „Средношколски глас“





