Додека претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска велидека за изградбата на кружниот тек кај Ветеринарната станица гласале само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ, додека останатите советници не го поддржале проектот, заменик-градоначалникот на Битола и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Бојкоски, реагира дека на седницата одржана на 28 декември лани, Советот едногласно изгласал одлука за прифаќање на амандман за издвојување средства за изградба на кружниот тек.

-СДС БИТОЛА и останатите советнички групи бесрамно ЛАЖАТ дека биле против изградба на кружниот тек на улица Прилепска.
Изградбата на кружниот тек на улица Прилепска ЕДНОГЛАСНО е поддржана од СИТЕ СОВЕТНИЦИ на 28.12.2022 година – вели Бојкоски.
https://www.facebook.com/bojan.bojkoski/posts/6338020192907359/?vh=e&extid=MSG-UNK-UNK-UNK-AN_GK0T-GK1C



