Бојко ѝ вети на Урсула дека ГЕРБ ќе состави влада од експерти

Владата што ќе ја предложи ГЕРБ ќе биде составена од експерти кои можат да ја стабилизираат Бугарија. Ова го напиша на Фејсбук лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.



Тој наведува дека за ова ја известил претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарал на состанокот на ЕПП во Атина.

Борисов нагласува дека ГЕРБ ќе го продолжи дијалогот со сите парламентарни партии, бидејќи на Бугарија и е потребен кабинет кој ќе ја забрза работата за усвојување на сите закони од Планот за закрепнување и одржливост.

За утре претседателот Румен Радев, најави дека ќе го врачи мандатот за состав на влада на победничлката ГЕРБ на последните избори – четврти по ред за помалку од две години.

Лидерот на ГЕРБ изјави на првиот човек на ЕК дека благодарение на парламентарното мнозинство предводено од неговата партија, Бугарија веќе го започнала процесот за испраќање воена помош за Украина. ц