Поранешниот бугарски премиер и лидер наГЕРБ, Бојко Борисов смета дека Бугарија ќе биде понижена од ЕУ доколку даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија.
Доколку тоа се случи, потписникот на Договорот за пријателство со Македонија, Борисов, ја обвинува неуспешната надворешна политика на Румен Радев.
Борисов се повикува на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, дека до декември Северна Македонија треба да почне преговори, што, според него, значи дека ЕУ ќе ја принуди Бугарија да направи отстапки и, како што вели, сето тоа е поради претседателот на земјата, Радев, вели Борисов за НоваТВ.
Во Бугарија в недела се одржуваат парламентарни и претседателски избори. Според најновото истражување на агенцијата „Алфа Рисрч“, во новиот бугарски Парламент ќе влезат шест партии, а за претседателските избори се очекува втор круг, јави МИА.






