Поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов и други членови на партијата беа приведени за време на специјална операција на Генералниот директорат на националната полиција (ГДНП). Акцијата продолжува, објавија бугарски медиуми.



Ова било потврдено и од прес-центарот на МВР.

Ковеши во Софија: 120 пријави за злоупотреба на европски пари

Врз основа на пријави од бугарски граѓани биле формирани 120 случаи на злоупотреба на средства од ЕУ. Тоа вчера на брифинг во бугарската влада,по средбата со премиерот Кирил Петков. го соопшти европската главна обвинителка, Лаура Ковеши.

Приведени се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова и поранешната шефица на владината информативна служба Севдалина Арнаудова.

Според информации на „24 часа“ веста за увидот, но не и за апсењето ја потврдиле и од партијата на Борисов, ГЕРБ.

Полицијата влегла и во канцелариите и домовите на претставниците на големите бизниси.

Нема никој над законот! на Фејсбук напиша премиерот Кирил Петков.