Бојко Борисов стана пратеник

Поранешниот премиер во три мандати и актуелен лидер на ГЕРБ Бојко Борисов се појави на првиот сдница на новоконституираното 49. Народно собрание како пратеник.



Лидерот на ГЕРБ беше избран како предводник на Пловдивската листа.

За последен пат Борисов седеше, иако ретко, во пленарната сала за време на администрацијата на владата на Орешарски во 2014-та година.

Во оваа изборна кампања, сепак, неколку пати вети дека ќе биде пратеник, дека ќе ја контролира неговата пратеничка група и дека ќе ги води преговорите за формирање полноправна влада.

Борисов вчера традиционално ги собра избраните пратеници во седиштето на ГЕРБ, што се пренесуваше во живо и на Фејсбук и го ообјасни однесувањето на политичката партија.

Свечената прва пленарна седница на 49-то Народно собрание и овој пат ја отвори Вежди Рашидов како најстар пратеник

Според Рашидов, нема голема промена во 49-от парламент – стари политичари со некои нови луѓе.