Бугарскиот премиер во три мандати, Бојко Борисов на 21 април е повикан на сослушување во бугарскиот парламент околу неговиот Национален план за реконструкција и одржливост на економијата тежок околу 12 милијарди лева (6 млрд евра), но тој одбива да се појави пред пратениците.
Со 145 гласа „за“ од партиите „Има таков народ“, „Демократска Бугарија“, БСП, МРФ, „Стани! Мутри надвор ” и 70 „против“ од ГЕРБ, формирана е комисија за проверка на работењето на владата на Борисов, а тој претходно одби да се појави на поканата за 16 април.
Пратениците сметааат дека „премиерот е должен да се појави во Народното собрание секогаш кога тоа ќе биде побарано.
„Ме повикуваат во парламентот не затоа што сакаат да го претстават Планот за обновување и одржливост“, убеден е Борисов според кој нема законски основи тој да биде повикан во парламентот бидејќи веќе е прифатена негова оставка и оставка на неговата влада, а тој се откажа и од пратеничко место.
„И зошто треба да се појавам кога тие гласаа за моја оставка. Јас сум обичен граѓанин“, вели Борисов кој потсетува дека тој не е ни кандидат за премиер.
„За што сум им јас? Тие сакаат да направат скандал … Ме викаат не за плата, тие сакаат да го претворат парламентот во народен суд“, рече Борисов.
Вели дека не се плаши од квалификациите што ќе ги добие во пленарната сала, но порача:
„Изборите завршија, во парламентот има владејачко мнозинство, нека седне да работи, да владее. „Управувајте, не им требам повеќе, да работам, да управувам …“






