Бојко Борисов е подготвен да се повлече од лидер на ГЕРБ!?

Бојко Борисов вчера ми кажа дека е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ, изјави за bTV поранешниот бугарски претседател (2012-2017) Росен Плевнелиев.



Изјавата доаѓа во моменти кога, по паѓањето на владата на Кирил Петков, се очекува претседателот Румен Радев да додели мандат за формирање на нова, најверојатно на досега владејачката „Продолжуваме со промената“. Но доколку Петков не успее да сосави влада се отвораат многу сценарија, па дури и за нови предвремени избори што е најмалку посакувана опција.

Петков инаку соопшти дека доколку го добие мандатот нема да бара поддршкаод ГЕРБ на Борисов и од Има таков народ на Слави Трифонов.

Инаку, според Плевнелиев, Борисов отсекогаш бил „за“ европскиот развој на Бугарија. Никој не може да ја земе партијата на Бојко Борисов. Таа е негова рожба, тој ја создаде и тој ќе продолжи да биде главниот фактор во оваа партија“, додаде тој. Плевнелиев објасни дека Борисов јасно сфаќа дека луѓето ќе сакаат да видат нови лица.

„Тој отсекогаш бил подготвен да ги стави одлуките пред сопственото его и деструктивност. И сигурен сум дека може да биде дел од позитивното сценарио во кое Бугарија забрзува за стратешки инвестиции, златен дожд од фондовите на ЕУ, влез во еврозоната и во Шенген“, додаде Плевнелиев.