Денеска ја слушнав најголемата лекција во мојот живот како музичар, и морам да ја споделам со Вас…, пишува пејачката Бојана Скендеровски која прави обид за популаризација на познати македонски рефрени.
Бојана пред јавноста ракажува со што се соочила кога заедно со нејзиниот сопруг продуцентот Васко Скендеровски отишле да побараат дозвола за препев на позната македонска песна.
,,Го побаравме господинот Јане Коџобашија, професорот, композиторот, величина во историјата на нашата музика, кој има 81 година, и чија родољубна песна сакаме да ја преработиме, за да ни даде дозвола”, пишува Бојана која го пренесува разговорот со авторот на песната:
“Дали ќе ни дозволите да ја преработиме Вашата песна” го праша мојот сопруг Васко.
Тој ни одговори: ”Не, таа песна веќе не е моја, таа е на народот, и ќе ми биде чест што се сетивте да ја преработите, должен бев на Македонија да и подарам песна”❤️💛.
Со тоа на Бојана уште еднаш и се потврдила тезата дека големите луѓе се наједноставни.
,,А ние да учиме од нив, како уметници создаваме дела кои ги правиме за народот,и тие повеќе не се наши, тие му припаѓаат на народот”, пишува Бојана.
Јане Коџабишија, во неговиот голем музички опус има поголем број родољубиви песни. Меѓу другите негови композиции се и “Моја родино”, “Планино, моја рудино”, “Вардарска балада”, “Елпида Караманди”, “Горо, зелена”.
Бојана не открива за која песна се работи а најпозната песна на Коџобашија е ,,Земјо мила”.






