Адвокатите на Бојан Јовановски – Боки 13 соопштија дека тој е е хоспитализиран во Градската болница во Скопје, каде што ќе биде опериран, а операцијата е високоризична…
Боки 13 бара помош од амбасадорката Анџела Агелар
„…информираме дека за извршувањето на операцијата, која по својот карактер е сложена, високоризична и со неизвесен исход, формиран е тим на повеќе хирурзи специјалисти од областа што ќе ја извршат операцијата, а истовремено напоменуваме дека хирурзите специјалисти се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат од причини што самата хируршка интервенција е високоризична и сложена, придружувана со можни компликации, кои може да бидат кобни за пациентот“, пишуваат од правниот тим на Боки 13.
Според нив, ова е последица на тоа што Боки 13 во затворот „Идризово“ не бил третиран во согласност со лекарските упатства, пренесе Макфакс.
Правниот тим испратил и ново барање за прекин на казната бидејќи, како што велат, никако поинаку не може да се санира состојбата на Боки 13, а тоа се докажува и од алармантното влошување.







