Откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот градоначалник на скопски Карпош, дека станува хотелиер на брегот на Беровското езеро, Сттефан Богоев за „Фокус“ објаснува дека имотот го купил негобвиот починат татко и дека „вмровците“ ја злоупотребуваат ситуацијата.
„Имотот беше заедничка сопственост на татко ми и наши соседи. Тој имот е купен од физички лица, а не од државата. Татко ми почина пред шест месеци и тој имот останува во оставинска постапка на мајка ми“, вели Богоев според кој тоа дополнително ја покажува нечовечноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, ДУП-от за којшто лажно говори Стоилковски е донесен многу пред Звонко Пекевски да стане градоначалник.
Факт е, исто така дека во моментов не се гради хотел, ниту пак во догледно време ќе има хотел на тоа место, исто како што Стефан Богоев нема никаква поврзаност со споменатата фирма“, истакна Богоев во изјава за „Фокус“.







