Македонски концепт, преку нивниот промотор Петар Богојески, подготвуваат кривична пријава за премиерот Зоран Заев за национално предаство, поради стапување во противуставен и неовластен сојуз со други држави со Договорот за сојуз со Албанија и Србија во таканаречениот „Отворен Балкан3 промовиран пред дба дена во Скопје.
„Обединета Македонија во Обединета Европа! ![]()
– тоа е императив за секој Македонец. ЕУ е единствена шанса во 21-ви век да ја обединиме Македонија! Таа беше распарчена пред повеќе од еден век во Букурешт, по предлог на Бугарија, а по наредба на Русија! – пишува Богојески на Фејсбук и додава:

„Тоа може да се реализира доколку падне границата помеѓу Вардар, Егеј и Пирин!
Прво отварање на Солун преку надградба на Преспански договор, влез во ЕУ преку Атина, а со тоа се обединува и Пирин!
Предавничката акција за паѓање на границата со Србија и Албанија, е антипод на обединувањето на Македонија!
Тоа е национално предавство и треба да подлежи под кривичен прогон!
Македонски концепт ја разгледува можноста да поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за противуставно и неовластено стапување во сојуз со други држави и за нарушување на територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија!
Новиот закон за заштита на државноста ќе го опфати и предавството со “мали шенген”, а Зоран Заев ќе одговара за национално предавство! Борбата за Македонија никогаш не престанува!“ објави Петар Богојески на Фејсбук.







