ДВ: Богојески доби отказ во МО поради „вербален деликт“

Mинистерството за одбрана (МО) му дало отказ на државниот советник Петар Богојески, по покрената дисциплинска постапка против него, поради споделен линк од портал на фан-страница, а во врска со руско влијание во македонско-бугарскиот спор и во редовите на МПЦ-ОА, јавува Дојче веле.



„Информиран сум за изречена мерка – отказ, по дисциплински престап. Во текот на вчерашниот ден имало обид за достава на таа одлука на неовластена адреса, а секако и до мене, но поради отсуство од работа, не е доставена. Ова е школски пример за прогон од власта кон неистомисленици, особено обид да се замолчи опозицијата со недозволени, недемократски средства“, вели Богојески.

Тврди дека против него се воделе повеќе нарачани дисциплински постапки, со цел да биде замолчен како опозициски активист, лидер на „Македонски концепт“.

Отказот бил последниот чин, откако претходно со друга постапка бил распореден на пониска работна позиција.