
Откако поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за „Фокус“ побара извинување од Петар Богојески од Македонски концепт за поврзувањето со фирми во Дубаи, Индија и Кина, Богојески вели дека не гледа причина да извинување.
Во врска барањето на Заев за некакво извинување и закани со тужби кон мене, сакам да ја информирам јавноста дека не гледам причина за било какво извинување. Напротив, читајќи ја реакцијата на Заев, добив впечаток дека тој се сокрива зад „семејството” и се обидува да дефокусира внимание од неговото лично дејание. Заев, оставете ги семејствата на страна! Една фамилија имавме на власт и видовме како заврши! Не се обидувајте и вие како Груевски да го повлечете семејството со тебе во безна! Мојата изјава се однесува лично на вас и така нека се третира во било кои постапки!, вели Богојески во изјава за „Фокус“.
Тој уште еднаш го прашува Заев дали поседува фирми и удели во Грција, Дубаи, Индија, Африка и некои рајски острови.





