Претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и пратеник, Павле Богоевски, на ФБ се пожали дека парламентарниот спикер го направил „будала“ и него и сите други кои на 27 април 2017 гласале Талат Џафери да стане претседател на македонскиот парламент.
„Нашиот глас за Талат Џафери на 27ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка“, напиша Богоевски…
„Вчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас.
Денес низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат.
Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет“, напиша разочараниот пратеник.





