Поранешниот пратеник, Павле Богоевски вели дека извесно е дека политичката партија Левица има депозит поголем од 30.000 евра во Еуростандард Банка, зашто и партиската сметка за изборите е со код оваа банка, пренесува „Фокус“.



„-Затоа се изненадив кога димчевистиве со молскавична брзина се потресоа во име на „обесправениот работник и граѓанин“. Профата со 10,00 просек не ги забележал предупредувачките знаци кои ги забележале многу други и си ги повлекле сретствата. Затоа и во моментот на пропаѓањето само 74 ентитети имале депозити поголеми од 30.000 ЕУР во Еуростандард Банка. Па сега уште и фанфари со некави реформи за „антилихварско банкарство“, напиша Богоевски откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев дека ќе предложи реформи за „антилихварство банкарство“.