Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоевинтервју во синоќешното гостување на Алсат М телевизија, повтори дека уставните измени се важни за членството во ЕУ кое значи бројни придобивки за граѓаните и државата.
„Членство во ЕУ значи повеќе пари во државата, повеќе инвестиции, повеќе работни места, поголем извоз на фирмите кои произведуваат тука а ќе можат да извезуваат. ЕУ значи подобри можности за образование на младите од Македонија, можност да одат да студираат таму а знаењето од ЕУ да се вратат и да го имплементираат тука“, рече тој.
Богоев потсети дека само во изминатите неколку месеци поддршката од ЕУ за земјава е над 200 милиони евра од кои 100 милиони за справување со енергетската криза, околу 80 милиони за справување со економската криза, да може да ги избегнеме ценовните шокови, 53 милиони од тие пари за проекти, ветерни паркови, хидроцентрали, регионални депонии кои ќе ја исчистат државата од отпад.
„Ете тоа значи ЕУ и затоа се важни уставните измени“, рече Богоев.
Тој повик сите пратеници и политички партии интересите на државата да ги стават на прво место зашто „Двотретинско мнозинство е потреба на државата, затоа што имаме историска шанса да ја оствариме европската иднина“.
Тој рече дека почетокот на процедурата за носење на уставните измени се очекува да стартува кон крајот на пролетта.
„Со заокружување на процесот на реконструкција на Владата, очекувам да почнат разговори околу јавната широка дебата околу уставните амандмани, да се отвори дискусија и со пратениците и со стручната фела, да им се објасни на граѓаните, што значи тоа, да им се објасни дека тоа значи делови од народи, дел од Бугарите, Хрватите, Црногорците, Торбешите, да бидат застапени во Уставот“, рече потпретседателот на СДСМ.
„Жално е да пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да потпишуваат нотарски изјави, Мицкоски и челници на партијата да водат кампања за наводна за бугаризација и асимилација, а во позадина да одат по амбасади и даваат гаранции дека доколку тие дојдат на власт, без проблем ќе ги спроведат уставните измени“, рече Богоев.






