На прашањето околу изјавата на премиерот Зоран Заев за тоа дека Југославија била таа која што не’ разделувала со Бугарите, градоначалмикот на центар Сажа Богдановиќ вели дека не се согласува со неговиот партиски шеф.
„Не можам да се согласам во тој дел баш од причина што во таа Југославија сите сме живееле заедно. Имате добар дел, посебно во Македонија кои што работеле во заедничките државни компании и останале тука да живеат.
Tокму заради тоа ние сме се зближиле во таа Југославија како посебности кои што сме ги имале, така да во тој дел не можам да се согласам бидејќи јас како претставник на српската заедница можам да кажам дека токму таа Југоаславија не направила да бидеме блиски, односто исти на некој начин“, рече Богдановиќ во синиќешното гостување на Сител.





