Еден од обвинетите за настаните од 27 април, Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит, по добиената амнестија од Кривичен суд попладнево се обрати преку својот профил на Фејсбук.
„395 дена подоцна…
Фала му на Бога,
фала ви на сите кои бевте со мене и со моите во периодов. Никому никогаш да не му се повтори.
Само слободата е правда.
Да ја има, за сите невини.
Да сте живи и здрави,
да живее Република Македонија!“, напиша еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.




