Бог влегува во рускиот устав

Рускиот претседател Владимир Путин го внесува Бог во Уставот на Руската Федерација. Нацрт-амандманот на Уставот е поднесен, а споменувањето на Бог е без да се прецизира терминот од религиски аспект, пишува „Религија.мк“



„Руската Федерација, обединета со илјадници години историја, го зачувува споменот на предците кои ни ги дадоа идеалите и вербата во Бога“.

Уставот, исто така, предвидува дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.