Портпаролот на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека верува дека Бог посакал претседателот Доналд Трамп да победи на претседателските избори во 2016 година, соопшти Си Ен Ен.
„Мислам дека Бог не повикува сите да заземеме различни улоги во различно време и мислам дека тој посакал Доналд Трамп да стане претседател, поради оваа причина тој е тука“, рече Сандерс пред новинарите.
Замолена да ја коментира изјавата на претседавачот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси дека предлогот на Трамп за изградба на ѕид на јужната граница со Мексико е „неморално“, Сандерс одговори: „Идејата е да се заштити народот на вашата земја, што е примарна одговорност на Претседател на САД “. Според неа, коментарот на Пелоси е„смешно обвинување”.




