Министерот за транспорт и врски од СДСМ, Благој Бочварски, си ја испофали партијата во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
„Секогаш кога СДСМ е предводник на власта и на Владата, тогаш државата чекори напред и во делот на евроинтеграциите, и во сите други процеси, и убеден сум дека само оваа политичка структура и партија, како стожерна партија, може да донесе просперитет на државата и да ја придвижи државата напред кон Европската унија. Ние веќе ги започнавме преговорите со ЕУ, станавме членка на НАТО во претходниот мандат на оваа партија и тоа се процеси коишто децении наназад стоеја во место. И заради тоа, за доброто на граѓаните и на државата, е важно оваа политичка партија да биде идната носечка партија во власта“, резонира членот на Централниот одбор на СДСМ.






