„Стратегијата на СДСМ и на ДУИ е да се претстават како ‘неопходен’ партнер, пред сè на САД, но и на ЕУ, повторно да ја демонизираат целата опозиција како движења ‘со опасни намери’ и да ја оцрнат секоја критика кон власта и кон нејзините потези како некакво антиевропско, антиамериканско и антизападно расположение“ – вели Ивица Боцевски во својата колумна со наслов „Лов на вештерки“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Боцевски пишува: „Мртовец што оди’ – велат Американците, за да ја опишат ситуацијата, во која се наоѓа актуелната влада. Јасно е дека СДСМ и ДУИ веќе немаат никаков легитимитет (прашање дали кога било од 27 април 2017 година и го имале). Локалните избори покажаа и дека веќе не постои атмосфера за масовна изборна измама и поткуп на социјално загрозените слоеви на населението. Сите сништа за ‘европската иднина’ одамна испарија. Кога правта се наталожи и воздухот се прочисти, се увиде дека од сите розови надежи на ‘шарената револуција’ остана само руината наречена ‘северна…’, која требаше да биде мост до некое подобро утре, а се претвори во тешки вериги за македонскиот народ и за македонската демократија.“
„Од документите што кружат меѓу Скопје и Софија, ако ‘протечат’ низ македонските медиуми, граѓаните ќе увидат дека се преговара и за идентитетот на Македонците и за јазикот и за историјата и за сите други културни белези на македонската нација што Софија ги спори, па преговорите ќе биде веднаш прекинати поради реакцијата на македонската јавност. Македонската влада ги крие точките по кои преговара само затоа што знаат каква експлозија ќе предизвика тоа во македонската јавност.“
„Целта на Владата е да се замолкне целата критика против овој нов договор во подготовка. Тие сакаат да го омлитават јавното мислење, да обезбедат нова поддршка однадвор за еден налудничав, антимакедонски и понижувачки договор, веројатно, уште повеќе недемократски, неевропски и непринципиелен како и Преспанскиот договор, па да нè доведат сите колективно пред нов свршен чин.“
„Тие повторно се коцкаат со земјата и со народот, со надеж дека некој однадвор ќе ги остави на власт, независно од демократската волја на граѓаните. Лошата вест за нив е тоа што тој воз замина, а некаков втор договор со Бугарија само уште повеќе ќе ги оптовари со уште едно национално предавство. Оттука, ќе биде најдобро да се оди веднаш на избори пред нештата да отидат предалеку. Премногу ќе биде уште национална катастрофа за Македонија во само пет години.“ – заклучува Боцевски во својата колумна.
Интернет-врска до целата колумна:
Home Македонија Боцевски: „Владата-‘мртовецот што оди’ ги крие налудничавите антимакедонски договарања со Софија, оти...





