Веќе е тешко да се поверува дека постојаното ословување на македонските граѓани од страна на голем број високи европски политичари со терминот „северномакедонци“ е некаков лапсус или обична грешка, но едно е сигурно, сѐ повеќе се очигледни индикаторите што укажуваат на „наметнатото форматирање и обликување однадвор на нова нација во согласност со новото државно име“, пишува „Нова Македонија“.
Ако првично ваквите „лапсуси“ беа пласирани од страна на некои странски медиуми, подоцна оваа практика ја презедоа и голем број странски политичари, па сè почесто слушаме „северномакедонскиот премиер, претседател, министер“.
Ова ословување најпрво дојде од гранцускиот претседател Емануел Макрон, а последна во низата беше шефицата на ЕЈ, Урсула Фон дер Лајен, која среде Скопје се не’ нарече, „северномакедонсци“ по што еброамбадаророт Дејвид Гир се обиде да објасни дека тоа било „лапсус“.
Токму инертноста на македонските власти постојано да реагираат на ваквите „лапсуси“, кои не само што зачестија туку станаа секојдневие, доведе до тоа секој да си дозволува да ги нарекува македонските граѓани „северномакедонци“, со што веќе и отворено се поставуваат контурите на нов „северномакедонски“ идентитет.
Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор Ивица Боцевски проблемот со креирањето нов северномакедонски идентитет го лоцира токму кај политичарите од власта и кај Владата.
„Владата, поточно кај СДСМ, за жал, поединци се претворија во „северномакедонски националисти“ и носители на идејата за „северномакедонска нација“. За разлика од политичарите од некогашното асномско јадро на СДСМ, кои јасно ги бранеа македонските интереси, самобитност и државност, кругот околу Зоран Заев е политички, културно и интелектуално најинфериорната политичка постава во Македонија. Тие нема да се осмелат да реагираат дури и кога пред нивни очи се навредуваат македонските граѓани“ вели Боцевски за Нова Македонија
Сепак, тој е оптимист во поглед на македонскиот идентитет и смета дека овој проект за рекреирање нова „северномакедонска“ нација нема да успее, колку и да го повторуваат тоа европските политичари.
– Јасно е дека сето ова е вештачки проект, без никаков темел или народна поддршка, па ќе падне како кула од карти – оценува Боцевски.






