„Во земјава со години има иницијативи од голем број правни експерти што сметаат дека сите меѓународноправни аргументи се на наша страна и од тие причини се залагаат Македонија да ја продолжи битката за своето уставно име токму во Обединетите нации, имајќи го предвид фактот дека под името Република Македонија беше признаена од над 130 држави во светот.“ – вели Сашо Таневски во својата анализа со наслов „Можат ли ОН да ја поправат грешката со Македонија?“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
„Враќањето кон меѓународното право ќе го врати и кредибилитетот на Светската организација“
Таневски пишува: „Обединетите Нации сѐ уште имаат моќ да донесуваат одлуки, што се однесуваат на сите земји-членки, без оглед дали станува збор за светски сили и постојани членки на Советот за безбедност. На Македонија спротивно на меѓународното право и постулатите на ОН ѝ беше оспорено правото на употреба на уставното име Република Македонија. Во земјава со години има иницијативи од голем број правни експерти што сметаат дека сите меѓународноправни аргументи се на наша страна и од тие причини се залагаат Македонија да ја продолжи битката за своето уставно име токму во Обединетите нации, имајќи го предвид фактот дека под името Република Македонија беше признаена од повеќе од 130 држави во светот.“
Еден од тие борци за враќање на уставното име преку телата на Обединетите Нации е универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград Игор Јанев, според кого постои многу едноставен начин да се направи тоа. ‘Јас три децении да се префрли прашањето за продолжување на членството на БЈРМ/Северна со „Република Македонија“ во Генералното собрание на ОН. Пред да се изнесе предлогот за продолжување на членството во ООН под „Република Македонија“, неопходно е да се раскине Преспанскиот договор. Потоа, во Генералното собрание би следувало гласање за Резолуцијата за продолжување на членството во ООН под ‘Република Македонија’, со просто мнозинство од присутните и оние што гласаат.’
„Овде нема право на вето.’ – вели професорот Јанев, образложувајќи ја тезата како може да се искористат ОН во борбата за враќање на уставното име на државата. Тој појаснува дека одлуката да се врати името Република Македонија во Генералното собрание на ОН може да помине со просто мнозинство и никој не може да ја спречи. ‘Ако Резолуцијата се најде во Генералното собрание на ОН, во сала во која да речеме има претставници на 100 држави, од нив ќе бидат потребни 51 глас ‘за’ за предлогот ‘Република Македонија’ повторно да биде наше уставно име. Во Генералното собрание на ОН никој нема право на вето, сите се еднакви, за разлика од Советот за безбедност, каде што пет членки имаат право на вето.’ – нагласува Јанев.“
Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор Ивица Боцевски се согласува дека Македонија може да си го врати уставното име во ОН, но дека за да се случи такво нешто, земјата треба да има исклучително способна дипломатија и изградени предуслови за таква дипломатска акција. ‘Секако, Македонија може да си го врати името и да издејствува осуда за целата брутална епизода со срамното преименување на една европска земја во 21 век. Но за да се случи тоа, потребни се предуслови што се развиваат со години и со децении.’ – заклучува Боцевски.“
Интернет-врска до целата анализа:





