(…)
Потпишувањето на Преспанскиот договор, со газење на сите црвени линии што беа грижливо и консензуално исцртани од сите македонски влади, им ги потврди тезите на сите злонамерници дека македонскиот идентитет е лажен, вештачки и измислен, дека Македонците се „аморфна маса“ и немаат изградено своја национална свест, па само дополнително се повампирија сите соседни најгнасни шовинизми, кои се стратегискиот столб на секоја балканска надворешна политика.
Па, така, „конечната спогодба“ доби бесконечни анекси, со кои грижливо и трпеливо се бришат сите атрибути на македонската државност, еден по еден, но и се рушат сите потпорни столбови на посебниот македонски идентитет“, пишува поранешниот македонски амбасадор Ивица Боцевски во колумна за „Нова Македонија“.
„Таа низа вчера продолжи со бугарското вето и со злокобните намери на Али Ахмети за промена на сите државни симболи. Но има ли подобар пример колку е нарушен македонскиот суверенитет од грчките протести поради името Фудбалска федерација на Македонија, употребата на името Македонија од спортските коментатори на Македонската телевизија, па сè до објавата на Заев на социјалната мрежа Твитер каде што беше спомнат „македонскиот фудбал“.
Треба ли уште појасен доказ дека Македонија е доведена во потчинета положба? – пчрашува Боцевски и продолжува:
„Толкувањето на Преспанскиот договор не укажува на тоа дека било решено само едно лингвистичко недоразбирање помеѓу Македонците и Грците. Реализацијата на оваа спогодба оди во чудовишната насока дека на Балканот е формирана нова држава – „Северна…“, со нов национален идентитет што допрва треба да биде испишан и определен.
За жал, такво е и толкувањето на Преспанскиот договор од актуелното раководство предводено од Зоран Заев…“






