БНТ: Сопственикот на Беса Транс е во Бугарија…

Новинарска екипа на Бугарската национална телевизија вчера во селото Рашче се обидела да стапи во контакт со Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса транс“.



Тие успеаја да ја најдат неговата семејна куќа, но, според мештаните, Беким и неговиот брат Бедри моментално се во Бугарија.

Деновиве куќата на сопственикот на „Беса транс“ ја чуваат полицајци.

Сопственикот имал закани за убиство, велат од полицијата. Според месните жители, тој и неговиот брат моментално се во Бугарија, пренесува БНТ.