Исполнети се сите предуслови за нормално започнување на грејната сезона во Скопје од 15 октомври. Утре ќе бидат топли радијаторите на сите скопјани кои се приклучени на централно греење.
Тоа, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, е овозможено со доделените три лиценци за продажба, снабдување и дис—————————————————-трибуција на топлинска енергија во град Скопје на денешната главна седница на РКЕ.
-Денеска донесовме три одлуки за вршење на енергетски дејности од делокругот на топлинската енергија. Лиценца за извршување на дејност регулирано производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година доби ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија во траење од 35 години доби ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје, а лиценца за снабдување со топлинска енергија во траење од 10 години доби ЕСМ снабдување со топлина, рече Бислимовси—–






