БМВ удри во велосипедист, овој во мајка со бебе во количка

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи претпладнево на крстосницата кај „Мајчин дом“.



Од МВР за МИА потврдија дека околу 10.10 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник.

Од ударот по инерција велосипедот удрил во Б.И.М. (37) која била со количка за дете, во која имало дете.

На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.