И покрај тоа што Европската унија наздравува за своите најстроги ограничувања досега против руската воена машина – вклучително и делумна забрана за увоз на нафта – концесиите се зголемуваат, од изземање на суровата нафта од нафтоводот до отстранување на омилениот свештеник на Путин од списокот со санкции, пишува Блумберг.
Зголемувањето на цените на горивата доведе до висока инфлација и економски пад во западните земји.
„Економската војна против Русија ја подели ЕУ, бидејќи земјите се „уморни од санкции“, пишува изданието.
Финансиското оружје е несовршена алатка, кое делува селективно и води до непредвидливи последици“, се нагласува во написот.
Според проценките на „Блумберг економикс“, овогодинешните приходи на Русија од нафта и гас ќе изнесуваат околу 285 милијарди долари.
„На тоа додајте и други стоки, а тоа е повеќе од компенззација за 300 милијарди долари руски девизни резерви, замрзнати во рамките на санкциите“, заклучува авторот на написот.







