Премиерот Ковачевски вчера се пофали дека владата успеала да ја зголеми просечната плата во Македонија но пресметките се дека реално платата иако номинално поголема има помала куповна моќ од предходно.
,,Поради високата стапка на инфлација од 18,7 проценти во декември минатата година реалната просечна плата бележи пад од 3,3 проценти во однос на истиот месец во претходната година”, анализира Блумберг Адрија во својата анализа.
Премиерот Ковачевски објави дека платите пораснале за над 14 % без да ја пресмета стапката на инфлација за околу 4 проценти која е поголема од растот на платите што всушност значи дека со сегашните плати може да се купат помалку работи од минатата година.
Инфлацијата го изеде растот на просечната плата во декември
Поради високата стапка на инфлација од 18,7 проценти во декември минатата година реалната просечна плата бележи пад од 3,3 проценти во однос на истиот месец во претходната година.
Повеќе на: https://t.co/pXIpZI1n0v pic.twitter.com/aVDcNsM0J7
— Bloomberg Adria MKD (@BloombergAdrMKD) February 22, 2023
Ковачевски: Просечната плата е 34.000 денари, ветувањето го остваривме една година порано





