Сојузниците на Украина се загрижени дека војната се претвора во продолжен конфликт што може да му оди на рака на Владимир Путин, бидејќи бледнеат надежите дека силите на Киев ќе постигнат дефинитивен пробив оваа година.
Повеќе од два месеци по својата контраофанзива, Киев досега успеа да направи само тактички напредок против силно вкопаните руски сили, и покрај тоа што ангажираше многу од единиците обучени и вооружени од САД и Европа за операцијата, оценува Блумберг.
Агенцијата пишува дека доколку нема значителен напредок пред почетокот на зимата, САД може да престанат со активна поддршка на Украина, а Европа не може да му обезбеди на Киев сè што и треба.
„Посебно залихите на муниција се исцрпени, а производството во САД и Европа нема да биде зголемено до крајот на 2024 година. Борбените авиони Ф-16, исто така, веројатно нема да пристигнат најрано до следната година.
За Вашингтон, поддршката за Украина станува сè потешко од политичка гледна точка, бидејќи се’ повеќе противници на помошта се појавуваат во Републиканската партија.
Европските функционери стравуваат дека претседателот Бајден на крајот може да се обиде да ја турне Украина во преговори во пресрет на предизборната кампања за претседател на САД.







