Според новите проекции на Блумберг, во САД сигурно ќе започне рецесија во следните 12 месеци. Тоа е во целосна спротивност со пораките на американскиот претседател Џо Бајден пред изборите во ноември.
Најновите модели на веројатност за рецесија од економистите на Блумберг Ен Вонг и Елиза Вингер предвидуваат поголема веројатност за рецесија во сите временски рамки, со проценка на 12-месечна рецесија до октомври 2023 година од 100 проценти, што е повеќе од 65 проценти минатиот пат, пишува Блумберг
Оваа прогноза е многу лоша вест за Бајден, кој тврди дека САД ќе избегнат рецесија, а доколку се случи, таа ќе биде блага.
Со ова тој сака да ги убеди граѓаните на САД дека економијата добро и оди под неговата администрација. Но, зголемувањето на каматните стапки и инфлацијата ги демантираат неговите тврдења.
Економијата е главното политичко прашање за Американците во моментов, покажуваат анкетите, додека изборите за Сенатот и Домот до три недели. Информациите дека САД ги очекува рецесија ќе им наштети на демократите, ќе го ослабне влијанието во Сенатот и Претставничкиот дом, а со тоа и на самиот Бајден.
Иако податоците за вработеноста се многу добри, зголемената инфлација останува најголемата грижа на просечниот граѓанин на САД. Претседателот нема големо влијание врз вработеноста, а особено врз растот на цените, но за влошување на макроекономските показатели најчесто се обвинуваат актуелниот претседател и неговата администрација.






