Навивачката група на Вардар ,,Комити” два часа денеска била попречувана да направи нешто што го прави редовно со години наназад, на 4-ти Февруари и 4-ти Мај, секогаш во исто време.
Комитите велат дека откако им било забрането да отидат да се поклонат пред гробот на Делчев во знак на протест го блокирале центарот на Скопје.
,,Беше јасно дека нема да можеме да бидеме во црквата Свети Спас во Чаршија во предвидениот и однапред најавениот термин, туку ни беше понудено да ги сочекаме сите делегации да поминат, за ние да бидеме последни.
Се одлучивме во знак на револт да го блокираме “Рекорд” во двата правци. Свесни сме дека припадниците на Полицијата кои не придружуваа, во Маршот низ скопските улици, и блокадата, не се виновни за оваа бламажа, туку нивните надредени кои во 5 до 12 ги сменија протоколите, нормално на наша штета, со цел да не демотивираат и деморализираат.
Сите може да го посетат гробот на Великанот, и оние кои од неразбирливи причини го сметаат за свој, и оние кои искривоколчено ја толкуваат неговата борба и идеали, и оние кои одат да провоцираат, и да се сликаат заради самопромоција или ‘PR’ наложен од оние кои ги советуваат…И сите кои доаѓаат да се поклонат на гробот на човекот, кој животот го живееше и положи исклучиво за Слободата на Македонија, се добредојдени, затоа што неговото дело ги надминува нашите граници. Сите, освен ние, неговите вистински синови !
Сепак бевме истрајни, и по двочасовната блокада своето, со своите, кај својот јунак, го направивме некаде околу 14:00ч.
Со цел да не се јават натамошни недоразбирања на оваа тема, повторно денес на денот на неговото раѓање, го најавуваме нашето повторно доаѓање на денот кога во Баница го положи животот за Македонија, 4-ти Мај во 12:00ч. !
#ТрговецотОдСолун #ГоцеДелчев”, пишува во статусот на профилот на Комити на Фејсбук.





