Од вкупно 68.893 работодавачи во земјата, само околу 47.000 ја исплатиле платата во законски предвидениот рок без задоцнување. Од Управата за јавни приходи на денешниот брифинг со медиумите информираа дека на 700 работодавачи во тековната година им биле блокирани сметките поради неисплатени плати навремено.

Најмногу блокирани сметки имало кај угостителите – 240, а потоа по дејности следувале транспортот, адвокатските дејности, поправка на возила, фризерски салони итн. Како што изјави Сања Лукаревска на брифинг со новинарите, кај септемвриската плата 3.730 работодавачи не ги исплатиле своите 8.673 работници, а над 5.000 фирми воопшто не поднеле до УЈП пресметка за месечниот доход на 8.460 вработени.
Меѓу ова бројка, 8.141 работодавачи имале повеќе од 1 вработен. По фирми, најголемата фирма со неисплатена плата за септември е од дејноста чистење на згради и објекти со 378 работници, а потоа следува друштво за заштита и обезбедување со 184 вработени и на трето место е субјект од високото образование со над 80 неисплатени плати.





