1.500 полицајци ќе бидат ангажирани за да се обезбеди непречено завршување на процесот на ратификација за Договорот од Преспа и да не се повтори хаосот што се случи на протестот во неделата пред грчкиот парламент.
На социјалните мрежи, со нешто помал интензитет, одново се повикуваат граѓани на протестот закажан за вечерва во Атина со почеток во 19 часот против усвојување на Преспанскиот, а има и повици за насилно влегување во парламентот.
Од синоќа, зголемена е безбедноста околу Претседателската палата, владата, Министерството за надворешни и парламентот.
Ќе биде создадена бзбедносна зона пратениците да можат да влегуваат и да излегуваат во парламентот, а демонстрантите ќе бидат задржани на пристојно растојание.





