Податоците од последнатаанкета покажуваат дека речиси 60 отсто од испитаниците имаат прилично негативен став кон владејачката коалиција, речиси 35 отсто од Бугарите позитивен, а 7 отсто немаат мислење за ова прашање.
Според анкетата, тензиите во четирипартитната коалицијата е резултат на непринципиелни договори за позиции – сметаат 67 отсто од испитаниците.
За тоа дали владејачката коалиција предводена од Кирил Петков ќе успее да ги реши разликите меѓу партиите за да се избегне владина криза, речиси 50 отсто од испитаниците сметаат дека тоа нема да се случи. Но, над 45 проценти од Бугарите, се оптимисти…
Сепак, во моментов повеќето од граѓаните сметаат дека евентуални предвремени избори не се првото решение кое треба да се бара доколку тензиите продолжат. БГНЕС







