Обвинет близок на Заев е дома, тој што сакаше да го урне пак доби притвор

За разлика од екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски кој обвинет за најмалку две дела е во домашен притвор бизнисменот Орце Камчев останува во затворски притвор.



Скопскиот Апелационен суд кој според повеќе извори е под контрола на власта ја одбил поднесената жалба на Камчев веќе 6 месеци е во затворот во Шутка.

Камчев е бизнисменот кој ја објави аферата Рекет од која за малку падна владата за кого Заев во еден негов разговор му се закани со одмазда.

Бизнисменот неколку пати бараше да му биде укинат притворот, за што нудеше и милионска гаранција, но тој и понатаму останува зад решетки во истражниот затвор “Скопје”, во кој влезе пред шест месеци.

Камчев мерката притвор ја доби како петттообвинет во случајот “Плацевите на Водно”.

За овој случај обвинети се екс премиерот Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра, а со нив си купил таен имот