Близок контакт меѓу специјалците и демонстрантите на Бит Пазар

Пред малку на Бит Пазар во Скопје дојде до контакт меѓу групата демонстранти кои тргнаа да протестираат во одбрана на осудените за случајот Монструм и полициските специјалци.



За среќа дел од маскираните луѓе во првите редови на судирот беа спречени од редари и е избегнат инцидент со полицијата.

Целта на полицијата да ги спречи демонстрантите да дојдат до Јавното обвинителство и Владата кај Бит Пазар засега е успешен.

Во моментов пред толпата зборува еден од роднините на осудените.