Блиску ли е Голема Албанија, косовскиот премиер гласаше на албанските избори

Косовскиот премиер Албин Курти денеска гласаше на изборите во друга земја, Албанија, каде се бира нова влада и парламент.



Курти е единствениот светски премиер кој води една земја а гласа во друга држава.

Неговото движење Самоопределување кое владее во Косово во Албанија има своја листа со носителот Бојкен Абази.

Со гласањето на Косоварот Курти во Албанија се засилуваат стравовите во регионот за скорешно спојување на Косово и Албанија и формирање на Голема Албанија.

Во исто време повторно се отвара и прашањето за гласањето на Албанците во регионот во повеќе земји освен во матичната.