„Блиска средба“ на Ахмети и Заев за министерските ротации и оставки

Вицепремиерот Бујар Османи за Канал 5 соопшти дека Али Ахмети и Зоран Заев многу брзо ќе имаат средба на која ќе разговараат за актуелните политички состојби и резултатите од претседателските избори.



Во јавноста веќе  се шпекулира со имињата на носители на 15 раководни позиции, меѓу кои потпретседатели на СДСМ, министри, пратеници, градоначалници, директори кои би можеле да бидат „ротирани“ или сменети, пренесува Канал 5.

Во јавноста се појавија и информации дека министерот за надворешни побарал да биде сменет. Никола Димитров одговори на Фејсбук пишувајќи „Гладна кокошка, просо сонува…“