Блинкен на ненадејна средба со палестинскиот претседател Абас

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во денешната ненадејна посета на Рамала, се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег, јави Би-Би-Си.



Претседателот Абас е лидер на палестинската управа, која управува со деловите на Западниот Брег кои не се под израелска контрола.

Блинкен работи со лидерите во регионот на таканаречената хуманитарна пауза. Претседателот Џо Бајден посочи дека има одреден напредок по ова прашање

За време на нивниот состанок, претседателот на палестинската управа Махмуд Абас му рекол на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека мора да има „итен прекин на огнот“ и да се дозволи хуманитарна помош да влезе во Појасот Газа, изјави неговиот портпарол Набил Абу Рудеинех за новинската агенција Ројтерс.

Ова следи по слични барања од арапските држави.

Во саботата, Блинкен ја отфрли идејата за прекин на огнот за време на заедничката прес-конференција со министрите за надворешни работи на Јордан и Египет, повикувајќи наместо тоа на хуманитарна пауза

Абас ја води палестинската управа од 2005 година и ја претставува политичката партија Фатах, главниот ривал на групата Хамас која владее со Појасот Газа.

Во 2005 година, Хамас насилно ја презеде власта во Газа откако уби политичари и активни поддржувачи на Фатах или ги принуди да побегнат на Западниот Брег.

Меѓу можните опции за повоено уредување на Газа е идејата за враќање на владеењето на Фатах таму.

Сепак, Фатах претходно изјави дека нема желба „да се врати во Газа со израелски тенкови“.