Обидот на Украина да го врати Крим ќе биде црвена линија за Владимир Путин што може да доведе до поширок руски одговор, рече државниот секретар Ентони Блинкен во разговорот на ZOOM со група експерти во средата, дознава „Политико“.
Рускиот претседател го гледа Крим како составен дел на Русија, а не на Украина, и не би сакал да го види полуостровот одземен од неговата контрола, иако токму тоа ѝ го направи на Украина пред речиси една деценија.
Коментарите на првиот дипломат, кои сигурно ќе го разочараат Киев, дојдоа откако некој за време на приватниот разговор праша дали САД се подготвени да и помогнат на Украина да ја реализира својата долгорочна цел за повторно заземање на целата територија одземена од Москва.
Според четири лица запознаени со одговорот на Блинкен, тој рекол дека САД активно не ја охрабруваат Украина да го врати Крим, туку дека таа одлуката е само на Киев.
Главниот фокус на администрацијата е да и помогне на Украина да напредува таму каде што се водат борбите, главно во источниот дел на земјата.
Како што дознава Политико, два извори тврдат дека Блинкен оставил впечаток дека Соединетите Држави не сметаат дека притисокот за повторно заземање на Крим е мудар потег во овој момент. Тие зборови не ги кажа експлицитно.
Двајца други запознаени со разговорот велат дека Блинкен истакнал дека одлуката е исклучиво на Украинците што се обидуваат да преземат со сила, а не на Америка.
според нив тоа е сигнал дека Блинкен е поотворен за потенцијална „украинска игра за Крим“.







