Блинкен: Контактираме со Москва за да избегнеме нуклеарна војна

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон е во контакт со Москва за конфликтот во Укреаина да не ескалира жо нуклеарна војна.



Тој изјави за CBS News дека САД јасно му ставаат до знаење од Кремљ дека „последиците би биле страшни“. Тој додаде дека администрацијата на Бајден има „план“ во случај на ескалација, но дека е „решена да не ја прошири оваа војна, да не се шири“.

Блинкен вели дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја изгубил војната во Украина „во однос на она што се обидувал да го постигне“, имајќи предвид дека неговата првична цел била „да го избрише идентитетот на Украина како независна држава“.

Сепак, тој истакна дека Русија „во овој момент не покажа подготвеност да се вклучи во значајни дискусии“ и дека во моментов нема мировни преговори со САД.