Блинкен ја откажа средбата со колегата Лавров

Откако Москва ја призна независноста на двата побунетети проруски региони во источна Украина, американскиот секретар Ентони Блинкен ја откажа утрешната средбасо рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.



„Сега кога гледаме дека инвазијата почнува и дека Русија јасно даде до знаење дека ја отфрла дипломатијата, нема смисла да се одржи таа средба во овој момент. Се консултирав со нашите сојузници и партнери. Сите се согласија“, изјави Блинкен за новинарите по средбата со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Вашингтон.

Шефот на американската дипломатија рече и дека на рускиот колега во вторникот му испратил пислмо во коешто го известува дека средбата е откажана.