Српскиот весник „Блиц“ пренесува дека македонскиот премиер е во центарот на вниманието на грчката јавност поради договорот меѓу Атина и Скопје за името, но и поради неговата преубава ќерка Александра.
Како што пишува весникот, таткото деновиве е во сенка на неговата ќерка.
Во фотогалеријата што ја објавува „Блиц“ пишува дека ќерката на Заев е толку убава што без проблем може да ја претставува Македонија на „Мис на светот“.
Александра Заева има 19.000 следбеници на „Фејсбук“, а 22.000 на „Инстаграм“, со што се нашла на листата на 100 највлијателни луѓе во Македонија, пренесува весникот.
Таа сака скијање, а студира во Солун, цитира српскиот весник грчки медиуми.

Во текстот се споменува и синот Душко, кој, според весникот, е „татина слика и прилика“.
Линк до текстот и галеријата





