Имер Селмани, кој е почесен Конзул на Република Албанија, со седиште во Битола синоќа се појави на конвенцијата на кандидатот Стево Пендаровски и ја поддржа неговата кандидатура, што е спротивно на неговите конзуларни функции, оценува изборниот штаб на Блерим Река кој испрати протестна нота во амбасадата на Албанија во Скопје.



 “Политичката злоупотреба на позицијата почесен Конзул на Република Албанија, поради лични интереси, не е чест за Република Албанија, ниту за Република Северна Македонија, а истотака не е чест ниту за граѓаните на оваа земја”, оценува изборниот штаб на професор Блерим Река.

За ова, независниот кандидат, Река, ќе побара средба со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, додека од Министерството за надворешни работи на Република Албанија ќе побара разрешување на Имер Селмани од позицијата почесен конзул.